Голем долг ѕид го чува главниот град на Индонезија од водата која надоаѓа, меѓутоа тој повеќе не е целосно сигурен и секој ден сè повеќе тоне.

Има ли спас за овој град со популација од 9 милиони жители?

Џакарта се соочува со огромен проблем за кој е потребно итно решение. Посебно погоден е северниот појас покрај самиот брег каде што живеат околу 4 милиони жители. Тој дел се наоѓа дури 4 метри под нивото на морето, а ѕидот кој го чува градот тоне околу 25 сантиметри секоја година.

JAKARTA, JAVA, INDONESIA – 2016/08/26: A man is seen sitting on the ruins of what was the neighborhood of Pasar Ikan in Jakarta.
In April last year hundreds of soldiers and police stormed Pasar Ikan, a historic fisherman’s neighborhood north of Jakarta, and reduced everything to rubble. Where there were brick houses, now there are mountains of rubble and tents.
The inhabitants are reluctant to leave the neighborhood and refuse to move to the shelters of official protection provided by the authorities, because they claim they can not afford them.
They are evictions with almost no notice or court order or compensation due to a post-colonial legal framework on land rights in Indonesia. The Jakarta Legal Aid Institute (LBH), which seeks in court to overturn the law of 1960 for the authorities to carry out forced evictions, recorded 8,145 families and 6,283 businesses affected by 2015 alone, and about 11,000 in total in 2016.
Jakarta, with 30 million people and one of the most densely populated conglomerations in the world, is sinking rapidly. Due to unbridled economic growth, population increase and lack of regulation, excessive water is extracted from the subsoil of Jakarta. This causes the sinking of the soil and the city below sea level, at an average of 7.5 centimeters per year. (Photo by Oscar Espinosa/SOPA Images/LightRocket via Getty Images)

Градот не може да обезбеди доволна количина на вода за пиење, па граѓаните копаат длабоки бунари во потрага по вода. Поради тоа, подземните резервоари се рушат и го намалуваат тлото.

Градот исто така тоне и поради реките кои повеќе не можат да течат нормално, па во секоја сезона на дождови градот се соочува со големи поплави.

Додека новите водоводи во градот се во фаза на планирање, експертите предупредуваат дека Џакарта се приближува до точка од која нема враќање назад.

Решението во теорија изгледа прилично едноставно – градот мора да се реши од зависноста од подземните извори на вода, меѓутоа засега нема практично никаков напредок на инфраструктурен план.

Финансиските проблеми и другите инфраструктурни предизвици ја одигруваат својата улога во одложувањето на изградбата на водоводот, а експертите предупредуваат дека преостануваат уште неколку години пред градот да се соочи со целосна катастрофа.