logo
logo
logo

Големи поплави во Бангладеш: Загрозени се два милиони луѓе

Vecer | 21.05.2022

Големи поплави во Бангладеш: Загрозени се два милиони луѓе

Според официјални лица, загинале 57 лица.

Реката Барак се излеа поради приливот на вода од североисточниот дел на Индија и поплави најмалку 100 села во Бангладеш.

„Околу два милиони луѓе досега се опкружени со вода поради поплавите“, изјави за „AFP“ Мошараф Хосеин, главен администратор на регионот Силхет.

Многу делови од Бангладеш се подложни на поплави, а експертите велат дека ситуацијата е влошена поради климатските промени и дека екстремните катастрофи станале почести насекаде во светот.

Секој дополнителен степен на глобално затоплување ја зголемува количината на вода во атмосферата за околу седум проценти, а неизбежна последица е пообилен дожд.

Извор:Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk