logo
logo
logo

Голем преседан: Кина во ОН ја поддржа резолуцијата, со која Русија се означува како агресор

Vecer | 01.05.2023

Голем преседан: Кина во ОН ја поддржа резолуцијата, со која Русија се означува како агресор

Денес, пак, Пекинг ја поддржа резолуцијата на Генералното собрание на ОН во која Русија беше означена како „агресор“.

Рускиот независен медиум „Москва тајмс“ се повикува на информацијата што ја објави исландското претставништво во светската организација. Станува збор за документ со шифра A/77/L.65 и насловен „Соработка меѓу Обединетите нации и Советот на Европа“. Тој зборува за „предизвиците без преседан“ со кои се соочува Европа „по агресијата на Руската Федерација против Украина, а претходно и против Грузија“.

Во исто време, гореспоменатата резолуција бара компензација за штетите предизвикани врз жртвите на руската воена агресија и „изведување пред лицето на правдата на сите виновни за кршење на нормите на меѓународното право“.

Споменатиот медиум додава дека, заедно со Кина, за резолуцијата гласале и Казахстан и други постсоветски републики, со исклучок на Таџикистан и Узбекистан, кои се воздржале од гласање. Но, документот бил поддржан и од земји кои руските власти ги опишуваат како „пријателски“, а тоа се Индија, Бразил и Турција.

Само пет земји биле експлицитно против тоа, заедно со Русија и Белорусија, Демократска Република Конго, Никарагва и Сирија. За резолуцијата гласале вкупно 122 земји.

Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кишлица, истакна дека руските дипломати се обиделе да го отстранат зборот „агресија“ од споменатата резолуција, но не успеале.

Руската мисија во ОН во официјалното соопштение вели дека ставот за кој станува збор е „екстремно политизиран“ и дека нема „никаква врска со прашањата од резолуцијата“. Претставникот на Русија во ОН, Василиј Небезнја, ги обвини авторите на текстот за „намерно прикривање на осумгодишната војна на Украина против народот на Донбас“ и дека ОН „ја игнорирале агресијата на НАТО врз поранешна Југославија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk