Пожарот е закана за повеќе од 3.500 згради во предградијата, фарми и земјоделски области, пренесе АП.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом рече дека побарал федерална помош за областа источно од градот Вентура.
Пожарот се проширил на околу 62 квадратни километри за само пет часа.
Неколку луѓе се повредени и хоспитализирани, но сè уште не е јасно како настанале повредите, соопшти пожарникарската служба на округот Вентура.
Поради силните ветрови и намалената видливост, авионите морале да ги прекинат летовите, додека противпожарните хеликоптери се уште се на терен.
Во меѓувреме, на југ, пожарникарите на округот Лос Анџелес се бореа со шумски пожар во Малибу кој накратко затвори автопат и уништи две згради.
Официјални лица во неколку окрузи во Лос Анџелес ги повикаа жителите да внимаваат на пожари, прекини на струја и соборени дрвја.
Официјални лица предвидуваат дека ќе има пожари во централниот дел на Калифорнија и во околината на Сан Франциско, додека во некои области веќе има прекин на електричната енергија.
Повеќе од 65.000 домаќинства во Јужна Калифорнија и повеќе од 20.000 во Северна Калифорнија се без струја како мерка на претпазливост поради опасност од шумски пожари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата