logo
logo
logo

Годишна плата 26.800 евра, 38 часа работа неделно; Шефица - кралицата Елизабета

Vecer | 09.01.2022

Годишна плата 26.800 евра, 38 часа работа неделно; Шефица - кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета Втора (95) бара нови квалитетни работници.

Тоа беше објавено на официјалната веб-страница на "Royal Household".

Ова се случува откако вооружен млад човек (19) се обидел да упадне во замокот Виндзор, каде во тоа време биле кралицата Елизабета, принцот Чарлс и Камила, па не е чудно што моментално им треба најважниот офицер задолжен за безбедноста за идниниот Британски крал и неговото семејство, пренесува хрватскиот портал 24 сата.

Британците нудат годишна плата од 22.390 фунти (околу 26.800 евра) за 38 часа работа неделно, а работат сите седум дена во неделата, пишува Дејли експрес.

„Ова е фантастична можност да станете дел од 300-годишната историја на палатата Кенсингтон и да ни помогнете да ги оживееме нашите фасцинантни приказни за сите наши гости, секој ден“, се вели во огласот за вработување.

Фото: Факундо Аризабалага 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk