logo
logo
logo

ГО ПОМЕШАЛЕ СО КУМ НА МАФИЈА: Во Холандија по грешка уапсиле фан на Формула 1

Vecer | 14.09.2021

ГО ПОМЕШАЛЕ СО КУМ НА МАФИЈА: Во Холандија по грешка уапсиле фан на Формула 1

Полицијата во Холандија вперила оружје кон навивач на Формула 1 од Ливерпул и го уапсиле, бидејќи мислеле дека е шеф на италијанска криминална група или популарната сицилијанска мафија.

Тие биле убедени дека 54-годишниот Марк Л. всушност бил сицилијанскиот кум на мафијата Матео Месина Денаро и со врзани очи го однеле во Хаг.

Човекот, кој бил во земјата да ја следи трката за ГН на Холандија на 5 септември, подоцна бил ослободен.

Инаку, издадена е потерница за Денаро кој има 59 години за бомбашки напад во 1993 година, во кој загинале 10 лица, а 93 беа повредени.

Марк Л. ручал со својот син во ресторан, а потоа полицијата упаднала со европска потерница издадена од италијанските власти.

Сето тоа изгледало „како лош филм и кошмар во кој се најде мојот клиент“, рече Леон ван Клиф, адвокатот на Марк Л.

„Замислете да јадете оброк во еден момент, а следниот да седите во холандски затвор со максимална безбедност“, раскажува тој.

Неговиот клиент „е бесен и во неверување, и се смеел затоа што ова е навистина апсурдно“.

„Тој е обичен фан на Формула 1 и од самиот почеток беше јасно дека не е шеф на мафија. Навистина би било генијално Италијанецот да имитира ваков силен акцент од Ливерпул“, рече Ван Клиф.

Марк Л. Тврди дека е англиски државјанин и дека не е виновен за она за што е обвинет, изјави претставникот на холандскиот јавен обвинител.

Забрзаната истрага покажала дека „сомневањата се неосновани“.

„Јавниот обвинител издал наредба за итно ослободување од притвор на почетокот на вечерта“, истакна службеникот за односи со јавноста.

Денаро, кој се крие од 1993 година, е најбараниот криминалец во Италија и се верува дека „цели гробишта би можеле да се наполнат“ со телата на жртвите на неговата група.

Исто така познат по прекарот Дијаболик, кој потекнува од крадец во стрипови, кој е невозможно да се фати, Денаро исто така се смета за наследник на двајца мафијашки шефови, кои се зад решетки.

Полицијата го бара за 50 убиства и велат дека тој е „шеф на сите шефови “ на сицилијанската мафија.

Ван Клиф рече дека Марк Л. не сака јавно да биде идентификуван и нема повторно да го коментира случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk