logo
logo
logo

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција

Vecer | 06.01.2025

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција

Според извори од канадскиот весник, Трудо ќе се повлече пред клучниот состанок на владејачката партија кој треба да се одржи в среда.

Не е познато ниту дали Трудо ќе се повлече и од премиерската функција или ќе остане на чело на владата додека не биде избран нов лидер на Либералната партија.

Трудо ја презеде партијата во 2013 година, во период кога таа минуваше низ криза, откако за првпат во својата историја се најде на трето место на парламентарните избори.

Според анкетите, Либералната партија би можела да претрпи тежок пораз од конзервативната опозиција на редовните избори планирани за октомври.

Оставката на Трудо би можела да предизвика нови повици за предвремени избори, со цел да се формира влада која ќе може да работи со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп неодамна со потсмев го нарече Трудо како „гувернер“ и го повтори својот предлог Канада да стане американска сојузна држава. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk