logo
logo
logo

Главниот обвинител на Кривичниот суд во Хаг среде скандал- адвокатка го тужи за злоставување

Vecer | 28.10.2024

Главниот обвинител на Кривичниот суд во Хаг среде скандал- адвокатка го тужи за злоставување

Наводните обиди да се одврати жената која го пријавила сексуалниот напад од поднесување формална жалба се случиле преку телефонски повици и лично, а дошле откако Кан дознал дека судските власти биле свесни за наводите за неговото недолично однесување, според Гардијан, цитирајќи четири извори.

Според весникот, неколку членови на персоналот на Меѓународниот кривичен суд со сознанија за обвиненијата против Карим Кан изјавиле дека обвинителот и уште еден близок функционер ја повикале жената неколку пати, со барање таа да ги отфрли наводите за однесувањето на Кан кон неа.

Кога Гардијан го контактирале за коментар, Кан негирал дека побарал од жената да ги повлече сите тврдења, како и неговите адвокати.

„Нашиот клиент ги негира сите наводи и најмногу сме загрижени дека откривањето на доверливо и затворено внатрешно прашање е дизајнирано да ја поткопа неговата тековна работа од висок профил во деликатно време“, рекоа неговите адвокати.

Откако извештаите за наводна сексуална злоупотреба почнале да кружат во медиумите во последните денови, Кан ги негираше тврдењата во јавна изјава, велејќи дека тој и судот биле „подложени на широк спектар на напади и закани“.

Жената која ги поднела наводите, опишана од колегите на МКС како почитувана адвокатка во нејзините 30-ти, која директно работела со Кан, одбила барање за коментар.

Според документот што го видел „Гардијан“, наводите против Кан (54) вклучуваат несакани сексуални допири и „злоупотреби“ во подолг период.

Извори запознаени со наводната жртва рекоа дека таа останала трауматизирана од ситуацијата и дека „доживува тешка емоционална вознемиреност“.

Објавувањето на наводите за сексуална злоупотреба доаѓа во чувствителен момент за Меѓународниот кривичен суд, како последна инстанца која гони лица обвинети за злосторства.

Комитетот од тројца судии на МКС ги разгледува, како што понатаму наведува Гардијан, „политички експлозивните“ барања на Кан за налози за апсење против израелските лидери за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа.

Обвинителите на МКС во мај побараа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и тројца водачи на Хамас, вклучувајќи ги Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, кои оттогаш беа убиени од израелските сили.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, тогаш изјави дека има причини да се сомнева дека петмината извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото.

Неколку месеци откако Кан побара да бидат издадени гореспоменатите налози за апсење, се појавија обвинувања за сексуална злоупотреба против главниот обвинител на МКС.

Кан не го обвини експлицитно Израел дека стои зад обвинувањата, но во својата изјава со која негира дека сторил нешто лошо, тој рече дека тој и судот биле цел на „широк спектар на неодамнешни напади и закани“, пишува Гардијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk