logo
logo
logo

Главниот американски епидемиолог: НЕ УСПЕАВМЕ

Vecer | 28.04.2021

Главниот американски епидемиолог: НЕ УСПЕАВМЕ

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека светот не успеа да се обедини и спречи „поплава“ на коронавирусот во Индија.

Тој особено ги критикуваше побогатите земји дека не обезбедуваат еднаков пристап до здравствена заштита низ целиот свет. Фаучи исто така рече дека токму ситуацијата во Индија дополнително ја потенцира глобалната нееднаквост.

„Единствениот начин на кој адекватно ќе одговорите на глобалната пандемија е глобален одговор, а глобалниот одговор значи еднаквост низ целиот свет“, рече Фаучи.

Индија забележала 360.960 нови случаи за 24 часа, според Министерството за здравство, што е уште еден нов дневен светски рекорд. Министерството, исто така, соопшти дека вкупниот број на смртни случаи во Индија надмина 200.000 и изнесува 201.187.

И додека СЗО се обидува да ја забрза поддршката за Индија преку иницијативата Ковакс, Фаучи посочува дека „треба да сториме повеќе од тоа“.

„САД навистина станаа активни во помагањето на Индија, ние испраќаме кислород, ремодесивир, опрема за лична заштита преку други лекови и наскоро ќе испратиме вакцини за помош“, рече тој.

„Значи, мислам дека тоа е одговорност што богатите земји треба да ја преземат. Тоа е ужасна трагична ситуација во моментов луѓето умираат затоа што нема доволно кислород, што нема доволно болнички кревети. Треба да се обидеме, гледајќи напред, да  постигнеме поголема правичнност кога ево прашање јавното здравство “, посочи Фаучи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk