logo
logo
logo

Ги тужи родителите ЗАТОА ШТО НЕ ГО ИЗДРЖУВААТ И НА 40 ГОДИНИ возраст

Vecer | 13.03.2021

Ги тужи родителите ЗАТОА ШТО НЕ ГО ИЗДРЖУВААТ И НА 40 ГОДИНИ возраст

Легендите велат дека само на Балканот родителите ги издржуваат децата и после 30-тата година. Но, и во западниот свет го има тоа, а некои деца сметаат дека е тоа - законска обврска на родителот.

Во Велика Британија забележан е необичен судски случај, во кој 41-годишнот невработен дипломиран правник Фаиз Садики ги тужи своите родители затоа што не сакаат повеќе финансиски да му помагаат, пишува британскиот Дејли Мејл.

До 2011 година тој работел во неколку компании, а минатата година ја започнал постапката против неговите родители, барајќи од нив да го издржуваат, но судијата на семејниот суд го одбил.

Случајот сега е проследен до Апелациониот суд и се смета за значаен затоа што може да влијае на правата на секој родител од Велика Британија. Синот сега се жали на пресудата, а успеа и да го привлече вниманието на јавноста, бидејќи би можел да направи преседан што во иднина ќе треба да важи и за другите родители.

И покрај тоа што има дипломирано правни науки на престижниот универзитет во Оксфорд, Садики тврди дека е целосно зависен од неговите родители кои живеат во Дубаи.

Тој е невработен веќе десет години и живее во стан во лондонскиот Хајд парк вреден 1,14 милиони долари, чии сопственици се неговите родители. Тие, исто така, ги плаќале и неговите сметки, и му давале по 550 долари неделно џепарлак. Но, по сериозна расправија со неговите родители тие му се заканиле дека ќе прекинат со нивната поддршка.

Ова не е прв пат Садики да се појавува во медиумите. Пред неколку години го привлече вниманието на јавноста затоа што го тужеше Универзитетот во Оксфорд тврдејќи дека оваа институција не му обезбедила соодветно образование, што наводно и влијаело на неговата кариера. Тој ја процени загубата на 1,4 милиони долари, но судија и тогаш го одбил и тоа неговото барање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk