logo
logo
logo

Германскиот претседател се очекува да ја објави одлуката за распуштање на Бундестагот

Vecer | 27.12.2024

Германскиот претседател се очекува да ја објави одлуката за распуштање на Бундестагот

Се верува дека Штајнмаер речиси сигурно ќе го исполни барањето на канцеларот Олаф Шолц за распуштање на Бундестагот.

Со распуштањето на Долниот дом, претседателот ќе одреди датум за избори. Тој датум се очекува да биде 23 февруари.

За тој датум се договорија парламентарните лидери на социјалдемократите на Шолц и конзервативната Христијанско-демократска унија.

Олаф Шолц го загуби гласањето за доверба во Бундестагот на 16 декември, откако минатиот месец се распадна коалицијата на Социјалдемократите, Зелените и Слободната демократска партија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk