logo
logo
logo

Германскиот претседател при денешната посетата на Турција, си понесе мајстор за донер

Vecer | 22.04.2024

Германскиот претседател при денешната посетата на Турција, си понесе мајстор за донер

Штајнмаер, кој е во посета на Турција за прв пат откако стана претседател, има комплицирани односи со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на германската држава ја критикува политиката на Ердоган кон Израел и јавно изразува загриженост за падот на демократските норми во Турција. Тоа што патувањето не започнува во главниот град Анкара значи нешто, изјави извор од германското претседателство кој сакал да остане анонимен.

Наместо тоа, првата станица на Штајнмаер ќе биде Истанбул, каде што ќе се сретне со активисти на граѓанското општество и со градоначалникот, лидерот на опозицијата Екрем Имамоглу. Разговорите со Ердоган во Анкара ќе почекаат до среда.

Наместо да му се додворува на претседателот, Штајнмаер се надева дека ќе ги нагласи врските меѓу луѓето.

Германскиот претседател особено сака да го истакне придонесот на генерациите турски мигранти кои дојдоа да работат во Германија од шеесеттите години.

Меѓу оние кои се населиле во Германија бил и дедото на Ариф Келеш, сопственик на ќебапчилница во Берлин, кого Штајнмаер го поканил на патувањето. Главниот скараџија ќе им служи донер ќебап на гостите на вечерата во Истанбул.

Јадење од тенко исечено месо на скара на вертикална шипка е донесено во Германија од турски мигранти.

Наполнето со сецкан зеленчук и прелиено со мајонез, донер ќебапот има легендарен статус. „Тоа стана еден вид германско национално јадење“, рече еден од советниците на Штајнмаер. Продажбата на донери во Германија се проценува на седум милијарди евра, што е успешната приказна на имигрантите што сака да ја нагласи германското претседателство.

Патувањето на Штајнмаер има за цел да ги истакне „личните приказни и достигнувања на четири генерации турски имигранти“ како дел од германската историја, соопшти претседателскиот кабинет. Околу три милиони луѓе со турско потекло живеат во Германија, но тие често се предмет на жестока дебата за поделени лојалности.

Поддршката за Ердоган во турската дијаспора ги иритира германските власти, кои често имаат заладени односи со Анкара. Поддршката на Ердоган за Хамас во последно време е особено вознемирувачка за официјален Берлин.

И покрај тоа што е претседател седум години, ова е прва посета на Штајнмаер на Турција како шеф на државата. Мајсторот за ќебапи Келеш е третата генерација што го води семејниот бизнис во југозападен Берлин. Неговиот дедо се преселил во Германија и со години работел во фабрика пред да отвори свој ресторан во 1986 година.

„Сега претседателот ме носи во домот на моите предци“, изјави Келеш.

„Тоа е голема чест за мене.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk