Обидот за државен удар во Германија, кој беше спречен рано утринава, кога беше покрената голема полициска акција во дури 11 сојузни покраини, продолжува да биде на насловните страници.
Новите информации кои се појавуваат откриваат голем заговор во кој се вмешани луѓе на високи позиции, активни и поранешни припадници на специјалните сили и Бундесверот, а се откриваат и нивните намери.
Централната фигура на заговорниците е наводно тирингискиот аристократ принцот Хајнрих Рајс XIII, кој работи како приватен финансиски консултант.
Рајс постојано нагласуваше дека модерна Германија не е суверена држава и е под контрола на САД и Обединетото Кралство. Рајс требаше да стане регент по државниот удар на чело на владата и германската држава. Заговорниците се собраа во ловечката куќа на аристократите во Тирингија за да разговараат за плановите за државен удар.