logo
logo
logo

Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

Vecer | 04.12.2024

Германската војска отпуштила 62 војници поради врски со екстремната десница

Меѓу отпуштените се 41 војник, 11 подофицери и 10 офицери, стои во извештајот на Министерството за одбрана на Германија.

Исто така, армијата одбила 94 кандидати за време на регрутирањето поради сомнежи за нивната посветеност кон германскиот демократски Устав.

Извештајот на Министерството документира 205 инциденти кои вклучуваат екстремно десничарско, расистичко или антисемитско однесување во 2023 година. Некои случаи вклучуваат војници кои давале екстремистички изјави или изразувале поддршка за Рајхсбургер (Reichsburger), десничарско движење кое го негира легитимитетот на Сојузната Република Германија.

Овие откритија доаѓаат во услови на зголемена загриженост за влијанието на екстремната десница во германските безбедносни сили. Последниве години, властите распуштија елитна полициска единица и гонеа повеќе активни и пензионирани воени лица поради планирање напади, складирање оружје и врски со екстремистички мрежи.

Пред две години, десетици екстремисти, вклучувајќи го и германскиот аристократ Хајнрих Реус, беа уапсени под обвиненија за планирање државен удар. Осомничените, меѓу кои имало и поранешни полицајци, војници и резервисти, се обвинети за планирање сензационални акции како упади во германскиот парламент и киднапирање политичари со цел да предизвикаат состојба налик на граѓанска војна и на крај да ја соборат владата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk