logo
logo
logo

ГЕРМАНИЈА СЕ ПЛАШИ ОД ПРОТЕСТИ: Енергетската криза ја тресе Европа

Vecer | 13.08.2022

ГЕРМАНИЈА СЕ ПЛАШИ ОД ПРОТЕСТИ: Енергетската криза ја тресе Европа

Германските политичари стравуваат дека зголемувањето на цените на енергијата може да доведе до граѓански протести во текот на зимата. Во таа земја се подготвува сеопфатен пакет мерки со цел заштеда на енергија - а државата бара од граѓаните да ја намалат потрошувачката.

Каков ќе биде исходот од енергетската криза зависи од политиката. Дали мерките за штедење ќе предизвикаат солидарност или отпор ќе биде јасно дури кога ќе пристигнат сметките, и тоа во зима, пишува ДВ

Сепак, германскиот канцелар Олаф Шолц не сака да чека, за што сведочи неговата минатомесечна изјава дека зголемените трошоци за греење се како „буре барут за општеството“. Со јавно разоткривање на проблемот, канцеларот и неговата влада се обидуваат да го спречат избувнувањето на немири во земјата.

- Со опишување на енергетската криза како буре барут, канцеларот се обидува да подготви терен за клучни одлуки - изјави Рикардо Кауфер, професор по политичка социологија на Универзитетот во Грајфсвалд.

Кауфер додаде дека Шолц на тој начин се обидува да ги убеди потенцијално комплицираните актери на компромис.

Со други зборови, Шолц им сигнализира на коалициските партнери, политичката опозиција, бизнисот и граѓанското општество, дека секое несогласување околу политичките мерки и штети на државата.

Бундестагот веќе усвои закон кој има за цел да го поштеди најранливото население од големите скокови на цените. Истовремено, на германските комунални претпријатија ќе им биде дозволено да префрлат дел од дополнителните трошоци за енергија на потрошувачите.

Со ваквите потези властите демонстрираат „одење по јаже“. Владата сака да им помогне на домаќинствата, особено на оние со ниски примања, но прашање е колку граѓаните ќе бидат мотивирани да штедат енергија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во зависност од тоа колку трошоците и снабдувањето со енергија го оптоваруваат општеството, може да се очекуваат протести од ист размер како оние што се организираат против мерките за борба против коронавирусот.

- Можеме да претпоставиме дека популистите и екстремистите повторно ќе се обидат да влијаат на протестите на свој начин - рече портпаролката на МВР и додаде дека екстремистичките актери и некои групи во Германија можат да предизвикаат немири, доколку се остварат соодветни услови поврзани со криза во Германија им „дозволи“ тоа општество.

Сојузната полиција, која е во надлежност на МУП, вели дека засега нема увид во конкретни закани поврзани со енергетската криза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk