logo
logo
logo

Германија: Распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија е заплашување

Vecer | 26.03.2023

Германија: Распоредувањето нуклеарно оружје во Белорусија е заплашување

Весникот посочува дека синоќа Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.

„Споредбата на претседателот Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да има нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера соопшти дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.

- Нема ништо невообичаено во ова: САД го прават тоа со децении. Тие веќе долго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на своите сојузници, рече Путин во интервју за руската телевизија.

- Се договоривме да го сториме истото, додаде тој, велејќи дека има согласност од Минск. - Веќе им помогнавме на нашите белоруски колеги и ги опремивме нивните авиони (...) без да ги прекршиме меѓународните договори за неширење нуклеарно оружје. Десет авиони се подготвени да користат такво оружје, рече Путин. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk