logo
logo
logo

Германија ПРИЗНА ГЕНОЦИД од пред 100 години во Намибија, СЕ ИЗВИНИ И ЌЕ ДАДЕ И ПАРИ

Vecer | 28.05.2021

Германија ПРИЗНА ГЕНОЦИД од пред 100 години во Намибија, СЕ ИЗВИНИ И ЌЕ ДАДЕ И ПАРИ

Германија официјално призна дека извршила геноцид пред повеќе од 100 години за време на окупацијата на Намибија во времето на колонизацијата и се согласи да плати финансиска поддршка.

На почетокот на 20 век, германските колонизатори убиле десетици илјади луѓе од племињата Херера и Нама.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во петокот ги призна убиствата како геноцид.

„Во светло на историската и морална одговорност на Германија, ќе побараме прошка од Намибија и потомците на жртвите“, рече тој.

Мас додаде дека Германија со гест да го препознае огромното страдање нанесено врз жртвите, ќе го поддржи развојот на земјата преку програма вредна повеќе од 1,1 милијарда евра.

Според договорот, финансирањето ќе трае 30 години преку средства за инфраструктура, здравствена заштита и програми за обука на ранливите заедници.

Некои традиционални лидери досега одбиваа да го одобрат договорот, објави државниот весник Нова ера.

Изјавата беше дадена по петгодишни преговори со Намибија, која беше под германска окупација од 1884 до 1915 година. Тогаш беше позната како Германска Југозападна Африка, а злосторствата извршени и од историчарите опишани како „заборавен геноцид“ се од почетокот на 20 век.

Обединетите нации го дефинираат геноцидот како низа дела, вклучително и убиства, извршени со цел целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или религиозна група.

Убиствата започнале во 1904 година, по бунтот на Херера и Нама во врска со германското запленување на нивната земја и добиток.

Шефот на воената администрација Лотар фон Трот, издал наредба за истребување, а луѓето биле принудени да заминат во пустината.

Сите оние што биле пронајдени во обид да се вратат во својата земја или биле убиени или однесени во логорите.

Нема точни податоци за тоа колку луѓе починале, но бројот на жртви бил десетици илјади, што го десеткувало населението на домородците.

Злосторствата направени веќе долго време создаваат проблеми во односите меѓу Германија и Намибија, со долгогодишни преговори меѓу владите за тоа како да се помири наследството на геноцидот.

Во 2018 година, Германија врати некои човечки остатоци кои беа користени како дел од сега дискредитираните истражувања за да се докаже расната супериорност на белите Европејци.

Германскиот министер за надворешни работи Мас рече дека целта на преговорите е да се најде „заеднички пат кон вистинско помирување во спомен на жртвите“.

Членовите на намибиските заедници беа тесно вклучени во преговорите.

„Сега официјално ќе ги наречеме овие злосторства со нивното вистинско име од денешна перспектива - геноцид“, велат тие.

Векуи Рукоро, извршен директор на Херера, кој се обиде да ја тужи Германија за отштета пред американскиот суд, рече дека договорот не е доволен за покривање на „непоправливата штета“ што ја претрпеле домородците.

„Имаме проблем со таков вид договор, бидејќи сметаме дека тоа претставува целосно предавство на намибиската влада“, рече тој за Ројтерс.

Германските медиуми наведуваат дека декларацијата се очекува да биде потпишана од германскиот министер за надворешни работи во главниот град на Намибија, Виндхок, пред да биде ратификувана од парламентите на двете земји.

Тој очекува германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да отпатува за Намибија за лично да се извини официјално.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk