„Напаѓачот му пришол на детето и ѝ ја покрил устата, а потоа сексуално го нападнал“, изјавил портпаролот на полицијата Лукас Реумунд.
Лукас наведува дека на девојчето кое се враќало од училиште и пришол маж и ѝ понудил пари за „услуга“, но таа одбила.
За среќа, во нивна близина имало сведок кој брзо видел дека нивната „средба“ не е случајна и притрчал да му помогне на детето, пишува Билд.
Напаѓачот побегнал кон пазарот, а полицијата интензивно трага по него врз основа на фоторобот кој е направен по описот на сведокот.
Сторителот е 20-годишен, тенок, со кратка коса и кафени очи.
За време на нападот, тој носел црна јакна со качулка, црни панталони, црна капа и црн ранец.
Сведокот забележал дека имал темни дамки на показалецот и средниот прст.
Полицијата од Дрезден апелира до сите граѓани доколку имаат некаква информација да се обратат до најблиската полициска станица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата