logo
logo
logo

Германија има генијално решение за нафтената криза Прави кола на педали, пристигнува до крајот на годината, а цената ШОК

Vecer | 24.07.2022

Германија има генијално решение за нафтената криза Прави кола на педали, пристигнува до крајот на годината, а цената ШОК

Првиот автомобил со педали “Twike 5“ од германско производство ќе биде достапен до крајот на годината.

Производителот овој автомобил го “Human Power Hybrid“, бидејќи возачот и патникот помагаат на батеријата што го придвижува електричниот мотор од 70 киловати со вртење на педалите.

При брзина од 50 километри на час, од 10 до 20 отсто од возната моќ може да дојде од силата на мускулите, пишува порталот Energy.

За разлика од класичните автомобили, Twike 5 нема стандарден волан, туку странични стапчиња кои овозможуваат прецизно управување без замор дури и на долги растојанија и при големи брзини.

Сепак, на возачите на овој модел им треба малку време да се навикнат на возење и вртење, а колку е побавно возењето, толку поефективна ќе биде практиката.

Овој уникатен автомобил има две батерии во оптек од 18 и 36 киловат-часови, кои овозможуваат автономија од 250 и 500 километри.

Според извршените тестови, потрошувачката на автомобилот треба да биде само 7,3 киловат-часови на 100 километри, благодарение на аеродинамичната каросерија и тежината на возилото која е само 600 килограми.

Овој автомобил со голема батерија може да достигне максимална брзина од дури 190 километри на час, а со помал 130 километри.

Возилото е долго само 332 сантиметри и производителот планира мала серија од 500 автомобили, кои ќе бидат достапни до крајот на годината.

Twike 5 беше претставен на салонот во Женева во 2019 година, а сега може да се купи по цена од 39.900 до 49.900 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk