Во 2025 година, Германија стана светски шампион по бројот на големи банкроти на компании со промет од над 50 милиони евра - дури 94 случаи, 8% повеќе од претходната година, според анализата на компанијата „Алијанц Трејд“ објавена на 6 февруари 2026 година.
Тоа е уште еден доказ за длабоката криза во која се наоѓа Германија, додека властите продолжуваат да не преземаат ништо сериозно за да го спречат падот.
Секој петти голем банкрот во светот се случил токму во Германија. Вкупниот промет на овие 94 компании изнесувал 12 милијарди евра. Најтешко погодени биле услужниот сектор (14 случаи, од кои девет биле клиники и домови за стари лица), автомобилската индустрија (12), хемиската и металопреработувачката гранка (по 11), градежништвото (10) и малопродажбата (9). Овие податоци покажуваат дека кризата не е ограничена само на еден сектор - таа се шири низ целата економија.
„Германија сочинува околу една петтина од случаите во светот и затоа е еден од главните двигатели на глобалната динамика на банкрот“, рече Мило Богартс, извршен директор на „Алијанц Трејд“ за Германија, Австрија и Швајцарија. Тој предупреди дека има постојан пораст на големите банкроти веќе четири години, а во 2025 година е достигнато највисокото ниво од 2015 година - и глобално а особено во Германија.

Експертите ја истакнуваат опасноста од „ефектот на снежна топка“: големите банкроти често ги влечат помалите компании надолу. Максим Лемерле, раководител на анализата на банкроти во „Алијанц Трејд“, вели дека малите бизниси кои зависат од неколку големи клиенти се особено ранливи. „Кога голем играч ќе банкротира, домино ефектот врз синџирите на снабдување може да биде катастрофален“.
За 2026 година се предвидува зголемување на 24.500 банкроти во Германија.
Ова не е само економски проблем - тоа е знак на длабока системска слабост. Додека милиони се трошат за зелени транзиции и бирократија, основната економија се распаѓа. Автомобилската индустрија, некогаш гордост на Германија, тоне под товарот на високите цени на енергијата, бирократските пречки и конкуренцијата од Кина. Клиниките и домовите за стари лица банкротираат затоа што државата не обезбедува доволно средства за здравствена и социјална заштита.

Властите во Берлин и Брисел продолжуваат да зборуваат за „зелена иднина“ и „одржливост“, но реалноста покажува спротивното: фабриките се затвораат, работните места исчезнуваат, а синџирите на снабдување се распаѓаат.
Наместо да ѝ помогнат на домашната економија преку пониски даноци, поевтина енергија и помалку регулатива, ЕУ и германската влада се залагаат за уште повеќе правила и трошоци. Резултатот е јасен - Германија повеќе не е моторот на Европа, туку станува нејзин систем за сопирање.
Последица од погрешните политики што со децении ги фаворизираа големите корпорации и странските инвестиции на штета на средните и малите бизниси.
Додека милиони се трошат за субвенционирање на странски компании и зелени проекти што не носат резултати, домашните претприемачи остануваат без поддршка. Банкротите се само симптом - вистинскиот проблем е губењето на довербата во систем што не ги штити оние што создаваат вредност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата