logo
logo
logo

Трамп објави видео од урнатиот ирански мост: „ОВА Е САМО ПОЧЕТОК“

Vecer | 02.04.2026

Трамп објави видео од урнатиот ирански мост: „ОВА Е САМО ПОЧЕТОК“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social видео за кое тврди дека го прикажува уривањето на „најголемиот мост во Иран“ во напад и повтори дека е време Иран да постигне договор „пред да биде предоцна“.

„Најголемиот мост во Иран се урива и никогаш повеќе нема да се користи. Има уште многу што треба да се случат! ВРЕМЕ Е ИРАН ДА ПОСТИГНЕ ДОГОВОР ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА И ПРЕД ДА НЕ ОСТАНЕ НИШТО ОД ОНА ШТО СÈ УШТЕ БЕШЕ ГОЛЕМА ДРЖАВА!“, напиша Трамп во објавата.

Патниот мост што го поврзува Техеран со западниот град Караџа беше погоден порано денес во неколку воздушни напади, објави денес агенцијата Фарс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk