logo
logo
logo

Германците ја САКААТ СПУТНИК В вакцината

Vecer | 22.04.2021

Германците ја САКААТ СПУТНИК В вакцината

Германија сака да купи до 30 милиони дози на руската вакцина „Спутник В“ против Ковид 19, изјави премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер.

„Сакаме да купиме 10 милиони дози Спутник В и тоа три пати, во јуни, јули и август“, рече Кречмар. Потребниот услов е одобрување од Европската агенција за лекови, додаде политичарот.

„Федералната влада купува вакцина. На овој начин, ќе добиеме половина милион дози во Саксонија", нагласи Кречмар.

Тој додаде дека, кога подготовката ќе биде одобрена, регионот може да добие поголема количина. „Тоа е уште една цигла за забрзување на процесот на вакцинација во Германија“, заклучи премиерот на Саксонија.

Претходно овој месец германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека Германија преговара со Русија за прелиминарен договор за набавка на вакцината „Спутник В“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk