Во реонот на населбата Правдино во областа Херсон, две украински чети, со поддршка на девет тенкови и 16 оклопни борбени возила, изведоа неуспешна офанзива, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков.
Како што наведе, за време на борбите, руските сили за неколку часа убиле повеќе од 120 украински војници, и уништиле седум тенкови и 13 пешадиски борбени возила.
Портпаролот истакна дека во последните 24 часа руските воздушни сили, ракетните сили и артилерија вршат тешки огнени напади врз единиците и резервите на вооружените сили на Украина. Руските вооружени сили ги нападнале бригадите на вооружените сили на Украина во Дружковка, Артјомовск и Заицев во ДНР, при што загинале повеќе од 230 украински војници, ауништени се десет тенкови и 23 оклопни возила.
Системите за противвоздушна одбрана соборија осум беспилотни летала во ДНР, Запорожје, Херсон и Николаевска област. Покрај тоа, 25 ракети истрелани од повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“ и „Ољха“ се уништени во воздух во областите Нова Каховка и Херсон, соопшти руското Министерство за одбрана.
ФОТО: EPA/ANASTASIA VLASOVA
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата