logo
logo
logo

Геј Црногорец кој тврдеше дека му врежале крст на градите, признал дека самиот се повредил

Vecer | 11.03.2021

Геј Црногорец кој тврдеше дека му врежале крст на градите, признал дека самиот се повредил


Полицијата во Црна Гора соопшти дека припадник на ЛГБТ заедницата, кој минатата недела пријави дека непознати напаѓачи му врежале крст на градите и му ги повредиле гениталиите, всушност се самоповредил.

Наводниот напад, кој ја потресе јавноста во Црна Гора, минатата недела беше пренесен од домашните и бројни регионални медиуми, а беше осуден и од официјални лица, невладини организации за човекови права и повеќе амбасади.

Полицијата соопшти дека до признанието дошла во соработка со здружението за ЛГБТ права „Форум Прогрес“, чиј член е човекот.

„Полицијата дојде до сомнение дека В.А самиот си нанел повреди, а потоа пријавил дека бил нападнат од две непознати лица, кои, според неговата пријава, му ги украле и парите и рачниот часовник“, соопшти полицијата.

Ова го потврдило и здружението наведувајќи дека нивниот член и штитеник на прифатилиштето за ЛГБТ лица самиот се повредил од за нив непознати причини.

„Нашите активисти го решија целиот случај со тоа што ја информираа полицијата за сите факти, докази и траги и го наведоа В.А. самостојно да признае дека целиот напад бил исцениран“, соопштија од ЛГБТ здружението „Форум Прогрес“.

Претседателката на здружението, Бојана Јокиќ, минатата недела на социјалните мрежи објави дека нивниот член бил нападнат кога сакал да ја посети неговата мајка и дека напаѓачите му врежале крст на градите, му ги повредиле гениталиите и го ограбиле.

Нападот веднаш беше осуден од црногорските државни претставници, амбасадите на САД и ЕУ во Подгорица, невладините организации и Српската православна црква.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk