logo
logo
logo

Гебрејезус: Скандалозна нееднаквост во поделбата на вакцините против Ковид-19

Vecer | 24.05.2021

Гебрејезус: Скандалозна нееднаквост во поделбата на вакцините против Ковид-19


Во пандемијата против Ковид-19, продолжува скандалозната нееднаквост во поделбата на вакцините, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.

Обраќајќи се на годишното министерско собрание, тој ги повика земјите да донираат вакцини од механизмот „Ковакс“ со цел до септемрви да се имунизираат барем 10 проценти од населението од сите земји или 30 проценти до крајот на годината, објави Ројтерс.

Тој предупреди дека ниту една земја не треба да претпоставува дека е „надвор од шума“, без оглед на процентот на вакцинација, се додека вирусот САРС-КоВ-2 и неговите соеви се шират на друго место во светот.

Генералниот директор на СЗО посочи дека светот сè уште е во многу опасна ситуација.

“Според сегашните трендови, бројот на смртни случаи во последните три недели ќе го надмине вкупниот број на смртни случаи од минатата година. Ова е многу трагично”, рече тој.

„Земјите кои произведуваат и купуваат најголем дел од вакцините во светот ја контролираат судбината на остатокот од светот“, изјави директорот на СЗО.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk