logo
logo
logo

Галушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина

Vecer | 17.11.2024

Галушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина

-Во тек е уште еден масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура. Непријателот ги напаѓа капацитетите за пренос и производство на електрична енергија низ целата земја. Операторот на системот пристапи кон итно итно исклучување на напојувањето, посочи Галушченко.

Тој додаде дека каде што е можно, екипите за итни случаи и спасување и енергетските тимови вршат увид за да се проценат штетите и последиците од нападите.

Како превентивна мерка поради нападот, претходно беше пријавен итен прекин на електричната енергија во главниот град Киев, регионите на Киев, Доњецк и Дњепропетровск./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk