Галант го даде коментарот денеска пред Парламентот, јавија израелските медиуми.
Израел го најави целосното уништување на Хамас како воена цел по масакрите извршени од Хамас и другите екстремистички групи на 7 октомври.
Галант повика на создавање политичка алтернатива за владеењето на Хамас во Појасот Газа. Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху досега одбиваше да претстави план за администрација и обнова на Газа по завршувањето на војната. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата