Преговорите меѓу САД и Данска за Гренланд наскоро ќе започнат, откако американскиот претседател ги повлече воените и економските закани.
Данска и НАТО ветија дека ќе ја зајакнат безбедноста на Арктикот, а властите во Гренланд велат дека САД нема да управуваат со нивните минерални ресурси.
- Ситуацијата и натаму е сериозна, но сега имаме процес што го разгледуваме со Американците. Постојано говориме дека сакаме да постигнеме договор. Треба добро да се подготвиме. Гренланд и Данска мора да се држат заедно со своите сојузници. Кога му се заканувате на сојузник - тоа е сериозна работа. Но, воените закани се повлечени и тоа е добро. Сега разгледуваме како да постигнеме договор, но нема да навлегувам во детали, додаде Фредериксен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата