logo
logo
logo

Фредериксен и Шолц апелираат на единство против територијалните амбиции

Vecer | 28.01.2025

Фредериксен и Шолц апелираат на единство против територијалните амбиции

- Потребна ни е посилна и порешителна Европа, која се повеќе ќе стои сама за себе, способна да ја брани и промовира Европа и европските интереси. Останува на Европа да ја дефинира иднината на нашиот континент и мислам дека треба да преземеме поголема одговорност за сопствената безбедност, зајакнувањето на нашата одбранбена индустрија, да ја зголемиме нашата поддршка за Украина, да се спротивставиме на руското и кинеското влијание, да инвестираме во нови технологии, да ја зголемиме нашата конкурентност и нашата економска сигурност, наведе Фредериксен.

Шолц истакна дека ги осудува сите територијални експанзионистички амбиции.

- Неповредливоста на границите е основен принцип на меѓународното право. Принципот мора да важи за сите, истакна Шолц.

Ниту Фредериксен ниту Шолц не ги спомнаа територијалните барања на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз огромната ретко населена и главно автономна данска територија, Гренланд./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk