Бајро тоа го кажал на состанокот со претставниците на централната партија пред клучниот политички говор во вторник, во кој ќе ја претстави својата програма во Парламентот.
Подоцна, во говорот пред Парламентот, тој рече дека е неопходна реформа на францускиот пензиски систем и дека повторно ќе ги отвори разговорите со синдикатите и организациите на работодавачи за таа реформа, но додаде дека ќе побара од државното буџетско тело да го ревидира пензискиот систем. Тој порача дека преиспитувањето на системот мора да се изврши на начин што ќе остане финансиски урамнотежен.
Говорот секако ќе доведе до гласање за доверба на владата, веројатно на барање на екстремната левичарска партија Непокорена Франција, но не се знае дали ќе има доволно гласови за да се урне владата.
Владата на Бајру, формирана минатиот месец по падот на владата на неговиот претходник, бара гаранции од некои опозициски партии, пред се социјалистите, дека нема да гласаат против нејзиниот буџет за 2025 година или да се обидат да го соборат од власт.
Социјалистите, кои гласаа против предлог-буџетот во декември заедно со пратениците од екстремната левица, соборувајќи ја владата на Мишел Барние, направија отстапки за пензиската реформа од 2023 година како услов за нивна поддршка.
Реформата, која се очекува да биде отфрлена од левицата, постепено ја зголемува минималната возраст за целосно пензионирање од 62 на 64 години за да се заштедат 17 милијарди евра годишно./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата