logo
logo
logo

Француски Миражи 2.000 наскоро заминуваат во Украина

Vecer | 09.10.2024

Француски Миражи 2.000 наскоро заминуваат во Украина

Министерот за одбрана на Франција откри кога се очекува Киев да го преземе авионот како и какви способности ќе има авионот.

По F-16 Fighting Falcon, воздухопловните сили на Украина (Povítrâní sili Zbrojnih sil Ukraíїni) наскоро треба да добијат авиони Мираж 2000. Министерот за одбрана на Франција, Себастиен Лекорну, на својот X (поранешен Твитер) профил објави нови детали за испораката на борбени авиони во Киев.

Вчера тој објави дека првиот Mirage 2000 ќе пристигне во Украина во првиот квартал на 2025 година. Доколку париските планови се остварат, украинските вооружени сили ќе воведат два сосема нови типа на авиони во својот арсенал за помалку од една година.

Себастиен Лекорну, исто така, откри дека донираниот Mirage 2000 ќе биде интегриран со оружје за уништување цели на земјата. Модификацијата на авионот ќе се изврши во градот Казо во департманот Жиронд на западот на Франција. Авионите треба да добијат и можности за електронско војување, додаде министерот за одбрана.

Украинските вооружени сили треба да го добијат Mirage 2000-5 од француските воздухопловни сили (Armée de l'air et de l'espace). Станува збор за авиони наменети за воздушна борба, на кои по модификациите во Жиронд треба да им се даде можност да дејствуваат на копнени цели.

Иако засега не се знае какво оружје ќе може да носи украинскиот Мираж, специјализираните авијациски портали како „The War Zone “ шпекулираат дека под крилата на овие авиони ќе се најдат крстосувачки ракети SCALP-EG и прецизно наведувани бомби „Хамер“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk