logo
logo
logo

Француската полиција растури импровизиран камп на стотици мигранти во Париз

Vecer | 17.04.2024

Француската полиција растури импровизиран камп на стотици мигранти во Париз

Полицијата во Франција денеска растури голем импровизиран камп во напуштена зграда во јужниот дел на Париз, во која биле сместени мигранти. Операцијата е спроведена имајќи го предвид приближувањето на одржувањето на Олимписките игри во главниот град на земјата.

Во кампот биле сместени околу 450 мигранти. Хуманитарните работници изразија загриженост дека напорите на париските власти пред Олимпијадата да ги иселат мигрантите и другите луѓе кои спијат на улица се проблем, бидејќи иселените не добиле помош да најдат долгорочно засолниште.

„Тоа беше најголемиот таков камп во Франција. Во последната година, поради Олимпијадата, тој двојно се прошири. Минатата година, властите ги растераа мигрантите во близина на олимпиското село и многу од раселените луѓе дојдоа овде “, изјави Пол Алози од хуманитарната организација „Лекари на светот“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk