Најмногу врнежи се очекуваат од сабота во 20:00 часот до недела во 03:00 часот, предупреди Метео Франс, пренесе Фигаро.
„Голема количина студен воздух ќе ја зафати целата земја во правец југозапад-североисток“ во сабота и во текот на ноќта од сабота кон недела, предвидува Метео Франс.
Ова нарушување ќе наиде на маса ладен воздух, што ќе предизвика врнежи од снег и замрзнат дожд кој ќе врне неколку часа, прецизира Метео Франс.
Како што јави BFM TV, во Зира на истокот на Франција во текот на ноќта од петокот кон саботата е забележана екстремна температура која изнесувала минус 33 степени Целзиусови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата