logo
logo
logo

ФРАНЦИЈА И БРИТАНИЈА НА ЧЕКОР ДО ВОЈНА? Лондон ја активирал морнарицата поради закана од Париз, тензично на Ламанш

Vecer | 06.05.2021

ФРАНЦИЈА И БРИТАНИЈА НА ЧЕКОР ДО ВОЈНА? Лондон ја активирал морнарицата поради закана од Париз, тензично на Ламанш

Брегзит предизвика многу проблеми помеѓу двете држави.

Велика Британија во регионот на островото Џерзи (кралски имот на В. Британија во Ламанш) ќе испрати два патролни брода откако Франција се заканила дека ќе ја исклучи струјата на островот во знак на протест против промена на условите за риболов после “брегзит“, соопштил потпарол на кабинетот на британскиот премиер.

Шефот на британскиот кабинет, Борис Џонсон разговарал на 6. мај со властите на островот за можна блокада од Франција.

- Премиерот рекол дека е неопходна деескалација на напнатоста и продолжување дијалог помеѓу властите на Џерзи и Франција околу прашањето за пристап на подрачјата за риболов. Премиерот дал непроменлива подршка на Џерзи, истакнувајќи, дека било каква блокада е апсолутно незаконска. Како мерка на претпазливост Велика Британија испратила два патролни брода во регионот како би ја следеле ситуацијата – соопштил владин претставник на новинари.

И порано министерот за поморство на Франција Аник Жирарде се заканил со исклучување на струјата на островот, истакнувајќи дека ограничувањата за риболов на француските рибари на брегот на островот е кршење на договорот од “брегзит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk