logo
logo
logo

Вечер Анализа

Франција е на колена: АФРИКА ГИ ПРОТЕРУВА ФРАНЦУЗИТЕ

Vecer | 02.09.2023

Франција е на колена: АФРИКА ГИ ПРОТЕРУВА ФРАНЦУЗИТЕ

Слобода, олеснување, надеж... Такви беа чувствата на милиони Африканци во август 1960 година, откако заврши францускиот колонијален режим во девет земји на африканскиот континент.

Во текот на таа година, вкупно 14 африкански земји успеаја да се ослободат од оковите на колонијализмот: Бенин, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Мали, Нигер, Сенегал, Того, Камерун, Чад, Конго-Бразавил, Мадагаскар, Мавританија, Габон и Централноафриканската Република.

Денес, до пред државните удари во Нигер и Габон, Франција има солидно присуство на африканскиот континент – со 1.100 корпорации, повеќе од 2.100 филијали и трето по големина инвестициско портфолио, зад Велика Британија и Соединетите Американски Држави.

Колонијалниот пакт и гарантира на Франција право на приоритет кога станува збор за купување на природни ресурси и привилегиран пристап до државните и владините тендери.

Њујорк Тајмс објави дека речиси половина од француските мировни сили од 12.000 војници биле распоредени во Африка. Овие единици имаа и воена и советодавна улога и им помагаа на режимите на африканските земји да се консолидираат и да останат на власт додека им служат на француските интереси.

Во март 2008 година, поранешниот француски претседател Жак Ширак рече: „Без Африка, Франција ќе стане третокласна (светска) сила.“ Претходникот на Ширак, Франсоа Митеран, веќе предвиде таков развој на настаните во 1957 година, кога изјави: „Без Африка , Франција нема да има историја во 21 век“.

Четиринаесет африкански земји се обврзани од Франција, преку колонијални договори, да депонираат 80% од своите девизни резерви во француската централна банка, која е контролирана од францускиот министер за финансии. Африкански земји доскоро плаќаа својот колонијален долг кон Франција. Африканските лидери кои одбиваат таков договор не успеваат да добијат валст, или паѓаат набргу по освојување на власта.

Овој систем е критикуван и отфрлен од Европската унија, но Франција не е подготвена да се откаже од овој колонијален систем кој на француските компании им обебзедува стратешки руди и производи по мали цени, а секоја година истура околу 500 милијарди долари од Африка во нејзината централна благајна по разни основи.

Африка последниве деценија, две, гледа и други перспективи пред се низ  кинееските инвестиции и кредити кои не се условени со колонијални норми, што е главна причина да се се случуваат државни идари и ослободув ање, пред се, од француската колонијална зависност и контрола. Цела средна Африка е под контрола на власти по воени удари. Само во последниве двеипол години, вклучително и последниот во Габон, со воен удар се сменети пет државни власти кои биле под француско влијание:

Наведените држави во кои последниве две ипол години се под власт на воен удар се големи по својата полулација, и влијателни во Африка според ресусрите вредни стратешки руди како ураниум и вредни благородни метали:  Државата Мали има 20 милиони жители, Нигер 24 милиони жители, Буркина Фасо 22 милиони жители, Гвинеја 11 милиони жители а последната држава од петте во низата со воени удари е Габон со околу 2 милиони жители.

Севкупно, тое е популација од околу 80 милиони жители, или повеќе народ отколку што Франција има население (68 милиони жители. Ако кон овие се доддат Алжир (45 милиони жители) и Либија (7 милиони жители), кои јавно го поддржаа воениот удар во Нигер и најавија помош ако државата биде воено нападната за соборување на воената власт, тоа е антифранцуска популација од дополнителни 52 милиони Африканци што е сериозен проблем за француската дипломатија и економија.

Некои од водечките француски весници се занимаваа со прашањето за државниот удар во Габон кој го собори семејството Бонго, кое долго време е на чело на Габон, со анализи и многу внимание на овие настани. Магазинот „Фигаро“ предупредува дека француската дипломатија е исфрлена од рамнотежа поради епидемијата на државни удари во Африка. Весникот Ла Кроа предупредува дека историските темели на Франција во Африка се тресат, додека Ле Поинт предупредува дека Франција не ја разбира глобализацијата на Африка преку државни удари.

„Фигаро“ го спореди овој државен удар со тортура „во када“ за француските дипломати, така што тие тешко се осмелуваат да ги извадат главите од водата додека нов удар не ги турне назад на побрутален начин. Досега имало осум воени удари во Централна и Западна Африка од 2020 година.

Рано наутро, на 30 август, во африканската држава  Габон група високи офицери објавија дека ја презеле власта во земјата и дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили на Габон. Во земјата е воведен полициски час, а границите се затворени „до следна наредба“. Ова е само еден во низата воени удари што се случија во африканските и азиските земји во периодот од 2014 до 2023 година.

Војниците во Габон најавија не ги признаваат изборните резултати од изборите два дена претходно и дека имаат намера да стават крај на сегашниот режим во земјата.

Според нив, резултатите од изборите се поништени, а државните институции се распуштени. По изборите беше објавено дека актуелниот претседател на Габон, Али Бонго Ондимба е реизбран за претседател на земјата. Сепак, од 26 август не е јасно каде се наоѓа и која политичка сила во земјава ја поддржува армијата.

Габон е држава под француска политичка и економска доминација, а францускиот јазик го употребуваат ид ржавните институции во таа држава. Францускиот претседател Макрон го осуди воениот удар во Габон и најави европски снакции против земјата. Габон е втората поранешна француска колонија во Африка која се соочи со воен удар пред толку месеци, а шеста во три години – по Мали, Чад, Гвинеја, Буркина Фасо и неодамна Нигер, чија нова инсталирана хунта можеби ќе се соочи со интервенција од западноафриканските соседи на земјата.

Превратот во Габон особено ќе ја отежне задачата на Франција да се спротивстави на силите кои сакаат да ја отстранат од Африка, особено ако домино ефектот сè уште не е запрен.

Од друга страна, весникот смета дека на Франција ќе и биде тешко да ги оправда двојните стандарди наспроти двата различни пуч во Нигер и Габон. Тој наведува дека настаните во Габон претставуваат уште еден удар за влијанието на Франција, со оглед на интензитетот на антифранцуското расположение низ целиот континент.

Иако радоста видлива на улиците на Либревил по воениот удар не беше придружена со антифранцуска хистерија, како што се случи во Нигер, вистината е дека поранешната колонијална сила тешко дека ќе ги оправда двојните стандарди пред овие два различни воени преврати. Фатен во африканска стапица, францускиот претседател Емануел Макрон гледа дека неговите закани во Нигер се неутрализирани со илузијата за интервенција против габонските генерали, дури и ако тие подлегнат на искушението на диктатурата.

Од своја страна, Ла Кроа смета дека државен удар во секоја земја треба да се гледа како случај сам за себе. Габон е нафтена земја со која 55 години владее семејство Бонго Ондимба кое грубо ја злоупотреби својата моќ. Пучот се случи еден ден по изборите, чиј исход беше однапред склучен заклучок во корист на претседателот во заминување Али Бонг. Армијата ја виде оваа изборна фарса како валиден изговор да го изрази своето огромно негодување и незадоволство од населението во таа земја.

Во интервју за Ле Поинт, писателот Антоан Глејзер вели дека Африка влезе во неповратен процес, кој ќе доведе до протерување на Франција. Пред неколку години „мораше да се повлече од нејзините поранешни колонии во Западна и Централна Африка, но сакаше да продолжи да игра полицаец во Африка. Таа избра да ги задржи воените бази на континентот, во време кога другите големи сили тргуваа и внесуваа пари и инвестиции, а Франција внесуваше војници. Резултатот е денешното протерување на француски војници од Африка, додека пазарните удели на француските компании се помали од оние на другите земји. Африканската младина верува, со право или погрешно, дека Франција се гледа себеси во Африка како свој дом“.

Франција повеќе нема присуство во Африка

Глејзер изјави за весникот дека Франција излезе од своето слепило што ја спречи да види дека Африка се врти кон глобализација. Макрон покажа голем гнев затоа што беше престигнат од реалполитика. Тој сметаше дека е доволно да се каже: „Ерата на Франко-Африка заврши“, свесен дека опасноста со која сега се соочува Франција е таква што „веќе никаде не постои“. Таа веќе нема право на глас во Африка, додека Германците се оградија од француската позиција во Нигер, Италијанците во Либија, а шпанската влада на Педро Санчез застана на страната на мароканската теза во однос на Западна Сахара.

На прашањето за иднината на француските воени бази во Африка, авторот посочува дека Франција се обидела да иницира благ процес на транзиција, со зачувување на базите додека постепено ја менува нивната природа и ги става достапни на локалните армии врз основа на договори за обука. Ова беше трансформацијата што ја замисли и сакаше Макрон, па нека се запраша што ќе биде со околу 350 француски војници стационирани во Габон и дали тогаш ќе се покрене прашањето за базите во Брегот на Слоновата Коска и Сенегал?

Нигер

На 26 јули, војниците на претседателската гарда ја блокираа претседателската палата во главниот град на земјата, Ниамеј. Кабинетот на Мухамед Базум објави дека армијата не го поддржува воениот антидржавен бунт и им постави ултиматум. Како што објави порталот Jeune Afrique, се претпоставува дека причина за бунтот била намерата на Базум да го смени командантот на претседателската гарда, генералот Омар Циани.

Телевизијата „Ел Арабија“ објави дека претседателот го одбил барањето на бунтовникот да ја потпише неговата оставка. Ноќта на 27 јули, за време на обраќањето на националната телевизија, армијата на Нигер објави дека го соборила претседателот Базум, дека ги затвораат границите, воведуваат полициски час и ја суспендираат работата на сите институции.

Буркина Фасо

Ова е уште една од државите кои се од клубот на француските колонии. На 24 јануари 2022 година, бунтовниците ја презедоа власта во Буркина Фасо во името на „Патриотското движење за зачувување и обнова“ предводено од потполковник Пол-Хенри Сандаого Дамиба.

Водачот на бунтовниците, потполковник Дамиба, беше назначен за претседател на земјата и командант на вооружените сили. Но, ноќта на 1 октомври се случи нов воен удар во Буркина Фасо. Дамиба ја напушти земјата, а на 6 октомври беше објавено дека новиот воен лидер на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, официјално е назначен за претседател на земјата.

Гвинеја

На 5 септември 2021 година, офицерите на специјалните сили на Гвинеја, предводени од полковникот Мамади Думбуја, кој претходно служеше во француската легија на странци, го уапсија претседателот на земјата, Алф Конде, а потоа објавија дека ги распуштаат државните институции, го поништуваат уставот и го затвораат границите на земјата.

Според Думбу, претседателот на државата Конда е под контрола на војниците и се наоѓа на безбедна локација. Армијата нагласи дека нема да подлегне на никакви притисоци. На 1 октомври, полковникот Думбуја положи заклетва како претседател на преодниот рок. И Гвијеа е дел од француските колонии

Мали

Во август 2020 година започна бунт во воената база во Мали. Бунтовниците најавија апсење на претседателот Ибрахим Бубакар Кеит и премиерот Бусу Сисе.

Подоцна претседателот објави дека поднесува оставка и ги распушта парламентот и владата. Армијата повика на политичка трансформација во земјата што ќе доведе до избори, најавија дека ги затвораат границите, воведуваат полициски час и формираат Национален комитет за спас на народот на чело со полковникот Асими Гоита. Подоцна беше објавено дека го ослободуваат претседателот Кит, кој беше уапсен за време на воениот удар.

По преговорите со политичките лидери и претставници на граѓанското општество, во септември армијата на Мали го усвои „главниот закон и патоказот за преодниот период“ во земјата. Партиите се договорија транзицискиот период да трае 18 месеци и да се формира привремена влада. Поранешниот министер за одбрана на Мали Ба Ндау ја презеде должноста претседател на државата во преодниот период, а за потпретседател беше назначен полковникот Асими Гојта.

Во мај 2021 година, армијата ги уапси Ба Ндау и привремениот премиер Моктар Ван. И двајцата поднесоа оставка. Уставниот суд на Мали го назначи Гојта за привремен претседател на земјата.

Министрите за надворешни работи и одбрана на Европската унија, кои по летната пауза се состанаа во шпанскиот град Толедо, преокупирани се и со низата државни удари во западна Африка. Првенствено во пространиот Нигер, но и со последното доаѓање на власт на воена хунта во Габон.

Тоа го покажува и слабеењето на влијанието и политичките неуспеси на Европската унија во африканскиот регион Сахели пошироко. Јасно е дека пучот во Нигер отвора нова ера на нестабилност во регионот кој и онака веќе беше кревок, изјави во Толедо претставникот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Иако истакна дека воените удари никогаш не се решение, Борел сепак направи разлика меѓу Нигер и Габон. Во Габон исто семејство владееше пет децении и постоеја сомневања во правилноста на одржаните последни избори, додаде Борел.

Од друга страна, пучот во Нигер е вистински проблем за ЕУ, која во оваа африканска земја гледаше клучен сојузник во борбата против ширењето на регионални исламистички групи, кои се силни во соседните Нигерија и Мали. Но, воените власти во Мали, по државниот удар, тврдат дека радикалните исламисти се плански создадени како проблем за да се има причина за француски воени бази и контрола врз државата.

Во Нигер војската во јули го собори претседателот Мохамед Базум, а многу граѓани на улиците на главниот град Нијамеј го поздрави пучот, а некои од нив носеа руски знамиња.

Ќе има ли војна?

На дводневниот собир европските министри договорија воспоставување законски рамки за санкции против водачите на пучот во Нигер, слични на санкциите кои ги воведе ЕКОВАС, економскиот блок држави на западна Африка.

Всушност, на состанокот во Толедо присуствуваа и претставници на таа африканска организација, како и шефот на дипломатјата на Нигерија. ЕКОВАС досега не постигна сосгласност околу воена интервенција во Нигер, иако некои држави ја споменуваат таа опција.

Борел не сакаше да се истрчува, изјави дека ЕУ, во поглед на евентуална интервенција, прво ќе сочека да види што предлага ЕКОВАС. Африкански решенија за африкански проблеми. Ние сме во фаза на слушање и исчекување, изјави шпанскиот дипломат.

Појасен беше италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани: „Ние се залагаме за дипломатски решенија, а не за воена акција против Нигер.“

Дали ќе има војна во централна Африка по наведените воени удари, за заштита на француските воени, дипломатски и економски интереси? Европа е последниот фактор кој кој би имал интерес за ова.

Не само заради состојбата во Европа во контекст на нејзините проблеми со војната во Украина, дополнително и со лесно претпоставената бројка колку бегалци од Африка би се упатиле кон Европа ако војната во Централна Африка се случи. Либија и Сирија и испорачаа на Европа над 5 милиони бегалци заради воените случувања, а колку Африканци би тргнале кон Европа по војна во која се непосредно зафатени држави со 80 милиони жители, дополнително од околните како Нигерија со 220 милиони жители која најавува влез со војска во Нигер за соворување на воената власт.

Војната во Централна Африка од најавените размери ќе ја покрие Европа во црно, во секоја смисла. Вредат ли Француските интереси и колонијлани традиции за тоа?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk