logo
logo
logo

Франческо Ла Камера: Целосна транзиција кон обновливи извори на енергија не е можна пред 2050.

Vecer | 28.11.2024

Франческо Ла Камера: Целосна транзиција кон обновливи извори на енергија не е можна пред 2050.

Глобалната транзиција кон 100 отсто обновлива енергија е остварлива, но веројатно не пред 2050 година, изјави Франческо Ла Камера, генерален директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија.

На Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за климатски промени КОП29 во Баку, главниот град на Азербејџан, Ла Камера ја нагласи итната потреба да се намали зависноста од фосилните горива со цел да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, како што е нагласено и од Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Тој посочи дека е можна целосна транзиција од фосилни горива кон обновливи извори, но не толку брзо.

„Според нашето сценарио, сè уште не гледаме 100 отсто обновливи извори на енергија до 2050 година, што би било во согласност со Парискиот договор“, рече тој. 

Истакнувајќи го неодамнешниот напредок, Ла Камера рече дека капацитетот за обновлива енергија минатата година достигна рекордни 473 гигавати, што е за 30 отсто повеќе од претходната година.

Тој го нарече ова позитивен показател за глобалните напори кон одржливост, но сè уште е недоволен.

„Значи, факт е дека уриваме нови рекорди, но инсталираме помалку од половина од она што ни е потребно за да ги исполниме нашите цели“, рече Ла Камера.

Тој ја нагласи потребата за итна акција, наведувајќи ја ограничената природа на „јаглеродниот капацитет“ на планетата - максималната количина на јаглерод што може да го апсорбира атмосферата./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk