logo
logo
logo

Фото: Телото на починатиот папа Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Vecer | 23.04.2025

Фото: Телото на починатиот папа Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Базиликата ќе остане отворена до полноќ во деновите на поклонението, на кое се претпоставува дека ќе дојдат десетици илјади луѓе.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота во 10 часот по локално време, а се очекува да присуствуваат голем број светски лидери.

Досега само кардиналите, членовите на Курија и слугите на Ватикан имаа можност да се простат од починатиот понтиф во капелата на резиденцијата „Света Марта“, каде што живееше папата.

Осумдесет и осумгодишниот Франциск, чие родено име е Хорхе Марио Берголио, почина на 21 април.

За разлика од повеќето понтифици, посмртните останки на Франциск нема да бидат положени во криптата на базиликата „Свети Петар“ - најважната црква во римокатолицизмот, бидејќи тој самиот посакал да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk