Фицо рече дека опозицијата планира да ги интензивира протестите со окупација на владини згради и тврди дека затоа биле ангажирани странски експерти кои учествувале во демонстрациите во Украина и Грузија.
Целта на овие демонстрации е да се создаде хаос, со можен конфликт со полицијата, рече Фицо, пренесуваат британските медиуми.
-Ситуацијата е сериозна. Гледаме структура која се обидува да го нападне уставниот систем на Словачка, рече Фицо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата