logo
logo
logo

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Vecer | 30.08.2024

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Виетнамскиот министер за одбрана Фан Ван Гианг денеска беше во Манила на разговори со неговиот филипински колега Гилберт Теодоро, а претходно истиот ден се сретна и со Маркос.

- Сега зборуваме за одбранбена соработка, безбедносна соработка, поморска соработка и секако во областа на трговијата, рече Маркос во изјавата, во која не се наведени детали за одбранбениот договор.

Договорот доаѓа во време на тензии во Јужното Кинеско Море и меѓународна загриженост поради ескалацијата, како и однесувањето на огромната кинеска флота на крајбрежната стража и нејзините активности во ексклузивните економски зони на нејзините соседи.

Одлуката на Виетнам да склучи договор доаѓа во време кога сојузникот на САД, Филипините и Кина речиси секоја недела се препукуваат околу Јужното Кинеско Море, спор што трае повеќе од една година. Кина тврди дека има суверенитет над речиси целиот стратешки воден пат.

И покрај тоа што Виетнам и Филипини полагаат право на островите Спратли во Јужното Кинеско Море, двете земји изразија желба да работат заедно за да ги решат споровите./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk