logo
logo
logo

ФБИ од имотот на Трамп однеле 11 комплети класифицирани документи, некои строго доверливи

Vecer | 12.08.2022

ФБИ од имотот на Трамп однеле 11 комплети класифицирани документи, некои строго доверливи

Агентите на ФБИ извршија рација во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида претходно оваа недела, како дел од истрагата за тоа дали тој незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштал функцијата минатиот јануари.

ФБИ зеле 20 кутии од имотот Мар-а-Лаго со документи, фото албуми, рачно напишана белешка и извршна наредба за помилување на сојузникот на Трамп, Роџер Стоун, покажува списокот на запленети предмети.

Содржи и информации за „претседателот на Франција“, пишува Wall Street Journal, но не е јасно дали се работи за актуелниот шеф на државата Емануел Макрон.

Списокот на документи од седум страници вклучува и налог за претрес на ФБИ одобрен од судијата Брус Рајнхарт.

Откритието дека Трамп има документи означени како „строго доверливи“ може да создаде голема правна опасност за него.

Претходно во текот на денот, Трамп го отфрли извештајот на Вашингтон Пост во кој се тврдело дека ФБИ го пребарале Мар-а-Лаго за доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје.

Претресот во понеделникот покажува дека федералните и државните истраги за дејствијата на Трамп за време на неговото претседателствување и во неговиот приватен бизнис се интензивирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk