logo
logo
logo

„Фајзер“ пронајде лек против ковид-19, делува и кај вакцинирани и кај невакцинирани

Vecer | 27.04.2021

„Фајзер“ пронајде лек против ковид-19, делува и кај вакцинирани и кај невакцинирани

Станува збор за лек кој би можел да биде клучен во борбата против пандемијата, а го изработува тим научници од Институтот Гете во Франкфурт.

Компанијата „Фајзер“, една од производителите на вакцина против ковид-19, соопшти дека до крајот на мај годинава ќе ја заврши првата фаза од клиничките испитувања и до есен ќе ги има првите антивирални лекови против коронавирусот.

Лекот, кој во моментов се изработува се покажал како одличен во спречувањето на ширењето на вирусот, а тестирањето на луѓе ќе се врши во САД и во Белгија до крајот на годинава, соопшти „Дејли мејл“.

Станува збор за лек кој би можел да биде клучен во борбата против пандемијата, а го изработува тим научници од Институтот Гете во Франкфурт. Еден од нив е и професорот д-р Иван Џикиќ, кој уште од почетокот на пандемијата се обидува да ги открие слабите точки на ковид-19.

Нивниот лек се базира врз насочено дејство на ензимите на вирусот, односно протеазата. Лекот спречува размножување на вирусот и е комплементарен со вакцините. Тоа значи дека можеме да го користиме кај вакцинирани и невакцинирани лица, како и кај секој што ќе биде заразен со ковид-19 во иднина.

– Вакцината работи против влегување на вирусот во клетките, а лекот дејствува на вирусот кој веќе е во клетките. Веројатно ќе го користиме во комбинација со лек против друг ензим наречен репликаза. Можеме да го споредиме со ХИВ затоа што го победивме на ист начин. Потребни беа, сепак, 30 години да се најде коктел од два лека и нивната комбинација ја отстрани опасноста од развој на сида – објаснува д-р Џикиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk