logo
logo
logo

„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина

Vecer | 11.01.2025

„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина

Исто така, тој ќе бара гаранции дека Украина никогаш нема да стане членка на Северноатлантската воена алијанса. Исто така, тој е сериозен во намерата да ги официјализира регионите на Украина – Луганск, Доњецк, Запорожје, Херсон и Крим – како дел од Русија, и покрај тоа што делови од овие области сè уште се под контрола на Киев.

Ова го дознава „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на анонимни извори од Кремљ.

Изданието наведува дека ниту во Москва, ниту во тимот на Трамп сè уште не е извесно кога би можела да се одржи средбата меѓу новоизбраниот претседател на САД и Путин. Од Москва испраќаат сигнали дека волја за таква средба постои. Трамп пред изборите изјави дека решавањето на украинското прашање би му одзело 24 часа, но неодамна неговиот советник Кит Келог спомена период од сто дена. Новиот американски лидер исто така посочи дека преговорите со рускиот претседател би можеле да се случат во рок од шест месеци по неговата инаугурација на 20 јануари.

Според весникот тимот на избраниот американски претседател сè уште нема донесено одлука каков пристап ќе има кон овие преговори, а роковите за завршување на конфликтот можат да се поместат најмногу до шест месеци.

-Путин сака да ги смени меѓународните правила за да ги неутрализира заканите за Русија. Тој е многу загрижен за тоа како би изгледал светот по завршувањето на војната, вели изворот.

Овие барања на рускиот лидер доаѓаат во контекст на изјавите на Трамп за можноста САД да го намалат финансирањето на НАТО или дури и целосно да се повлечат од Алијансата.

-Светот се менува, сè може да се случи, изјави соговорникот за „Фајненшл тајмс“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk