logo
logo
logo

Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на централниот дел на Газа

Vecer | 12.01.2025

Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на централниот дел на Газа

Портпаролот на армијата, Авихаи Адраи, на платформата X рече дека палестинските борци истрелуваат ракети од областа и им нареди на жителите да се евакуираат во таканаречените хуманитарни зони во Ал-Муваси, пренесе Ал Џезира.

„Терористичките организации повторно истрелуваат ракети од областа и покрај неколкуте предупредувања“, објави полковникот Адраи со мапа на делот на Газа каде што е наредена евакуација, јавуваат израелските медиуми.

Според податоците на ОН, 80,5 отсто од оваа палестинска територија е под активна наредба за евакуација.

Покрај тоа, околу 90 отсто од околу 2,3 милиони луѓе се раселени поради израелските напади, многу од нив повеќекратно.

Околу еден милион раселени луѓе живеат во несоодветни импровизирани засолништа во нехигиенски услови во Ал-Маваси.

И иако Израел ја прогласи областа за безбедносна зона, таму редовно извршува напади.

Нападите врз Газа продолжија и денеска, откако неколку десетици Палестинци беа убиени вчера, вклучувајќи и еден лекар и осум лица во едно училиште, претворено во засолниште во Џабалија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk