logo
logo
logo

Пашањето за ТАЈВАН МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СЕРИОЗЕН КОНФЛИКТ, му порача Си на Трамп

Vecer | 14.05.2026

Пашањето за ТАЈВАН МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СЕРИОЗЕН КОНФЛИКТ, му порача Си на Трамп

Билатералните разговори меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, завршија по околу два часа, што е двојно повеќе од првично планираното време, објави Би-би-си. Средбата се одржа зад затворени врати во Пекинг, за време на првата државна посета на американски претседател на Кина по речиси девет години.

По раскошната церемонија на добредојде на американската делегација, двајцата лидери дадоа воведни зборови пред официјалниот старт на билатералната средба.

Си започна со опишување на турбулентната глобална ситуација, велејќи дека светот стигнал на нова крстосница. Порача дека САД и Кина треба да бидат партнери, а не противници, да постигнуваат успеси еден за друг, да напредуваат заедно и да работат заедно на глобалните предизвици.

Трамп од друга страна, го осипа Си Ѓинпинг со компилменти, велејќи дека е почестен што е негов пријател, нарекувајќи го својот кинески колега одличен лидер. Порача дека САД и Кина имаат фантастична иднина заедно и дека односите помеѓу двете земји ќе бидат подобри од кога било.

Една од клучните теми на состанокот беше прашањето за Тајван, заедно со царините, конкуренцијата околу технологијата и војната во Иран. Прашањето за Тајван Си Ѓинпинг го нарече „најважното прашање“ во односите меѓу Кина и САД. Според него, правилното управување со прашањето гарантира стабилност на односите меѓу двете сили, додека погрешниот пристап може да доведе до сериозен конфликт.

„Ако прашањето се третира правилно, односите меѓу двете земји можат да одржат целокупна стабилност. Ако не се третира правилно, двете земји може да се судрат или дури да дојдат во конфликт, туркајќи ги сите кинеско-американски односи во многу опасна ситуација“, предупреди кинескиот претседател.

Поради важноста на темата, состанокот на Трамп и Си беше внимателно следен во Тајпеј. Тајванската влада му се заблагодари на Вашингтон по состанокот, а владината портпаролка Мишел Ли рече дека се благодарни што САД постојано ја потврдуваат својата поддршка за Тајван.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk