logo
logo
logo

ОН ПОДГОТВУВА КРИЗЕН ПЛАН: Се очекува голем бран бегалци од Иран

Vecer | 20.06.2025

ОН ПОДГОТВУВА КРИЗЕН ПЛАН: Се очекува голем бран бегалци од Иран

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) се подготвува за големи групи бегалци од Иран по големата ескалација на конфликтот со Израел, објави денес германската агенција ДПА.

„Подготвуваме кризни планови за раселување во Иран и соседните земји“, изјави доцна синоќа шефот на УНХЦР, Филипо Гранди, за ДПА.

„Сè уште не сме ги објавиле бидејќи немаме доволно информации и чекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата“, додаде тој.

Каде одат сите тие?

Веќе има непотврдени извештаи за пристигнувања од Иран во Ерменија, Азербејџан и Туркменистан, рече Гранди шест дена откако Израел започна голем воздушен напад врз Иран, кој одговори со ракетни напади.

„Претпоставувам дека ова се луѓе од градовите кои брзо бегаат. Тие имаат одредени ресурси и можат брзо да избегаат од заканата од бомби.“

Досега, ниту една земја не побарала помош од УНХЦР, рече Гранди, истакнувајќи дека самиот Иран е домаќин на најголемиот број бегалци во светот.

Околу 3,5 милиони луѓе од Авганистан живеат во земјата од Персискиот Залив, а агенцијата на ОН за бегалци има и голема канцеларија таму.

Сепак, тешко е да се добие преглед на ситуацијата поврзана со бегалците или внатрешно раселените лица, бидејќи персоналот на УНХЦР поголемиот дел од времето мора да се крие од израелските напади во бункери, рече Гранди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk