logo
logo
logo

Украина предлага божиќно примирје, Русија не се согласува

Vecer | 16.12.2025

Украина предлага божиќно примирје, Русија не се согласува

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Москва „не сака прекин на огнот што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“.

- Русија сака мир, а не краткорочни, неодржливи решенија, наведе Песков.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата за привремено стопирање на руските напади, особено врз енергетската инфраструктура за време на празниците.

Претходно, Песков наведе дека евентуално примирје би зависело од тоа дали ќе биде постигнат поширок одговор за завршување на војната.

- Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина, посочи Песков.

Според него, Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk