Авион на „ИзиЏет“ од Кипар до Бристол мораше итно да слета откако патниците почувствуваа мирис на чад.
Само час и половина откако полетаа од Кипар, пилотот беше принуден да го пренасочи авионот и да слета во Турција.
Ноќниот лет во саботата требаше да слета на аеродромот во Бристол во Велика Британија, но поради технички проблем, кој предизвика „мирис на чад“, неговата дестинација беше променета во Измир, пишува Дејли меил.
„Можеме да потврдиме дека летот EZY2902 од Пафос до Бристол е пренасочен кон Измир поради технички проблем што резултираше со мирис на чад во авионот. Авионот слета безбедно во Измир и беше згрижен само од службите за итни случаи како рутинска мерка на претпазливост. Сите патници се истоварија како и обично на терминалот и им беше обезбеден хотелско сместување и оброци каде што беше потребно. Патниците ќе продолжат кон Бристол подоцна денес со резервен авион“, рече портпаролот на „ИзиЏет“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата