Европскиот парламент се согласи да ги одобри сите седум кандидати за комесари, кои не добија зелено светло за извршување на тие функции по сослушувањата пред надлежните комисии, пренесува Политико, повикувајќи се на четворица претставници на ЕП и политички функционери.
🚨 BREAKING: The European Parliament has agreed to approve all seven pending European commissioner nominees.
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) November 20, 2024
Full story: https://t.co/akdgBFPAce pic.twitter.com/SgNJXJzGHy
Со тоа ќе заврши ќор-сокакот во процесот на одобрување кандидати за еврокомесари што настана меѓу политичките фракции во однос на составот на новата Европска комисија, на чие чело повторно ќе биде Урсула фон дер Лејен.
Политичката групација на Социјалистите и Демократите не беше задоволна од одлуката да се додели италијанската кандидатка за извршен потпретседател на Комисијата за кохезија и реформи, Рафаела Фито, на толку висока функција, додека Европската народна партија ја доведе во прашање соодветноста на кандидатот на Шпанија за извршен потпретседател за чиста, фер и конкурентна транзиција на Тереза Рибера за таа позиција.
Претходно, в.д. портпаролот на ЕП Делфин Колард најави дека вечерва во 19 часот ќе се сретнат претседателите и координаторите на политичките групи на надлежните комисии за да ја продолжат евалуацијата на кандидатурите на Оливер Вархеји, Рафаел Фит, Каја Калас, Роксана Минзата, Стефан Сејурне, Хена Виркунен и Тереза Рибера.
Во Европскиот парламент од 4 до 12 ноември се одржаа сослушувања на кандидатите за комесари, на кои 19 од 26 кандидати добија зелено светло од надлежните комисии на ЕП за својата работа, меѓу кои и кандидатката за еврокомесарка за проширување Марта Кос од Словенија.
Унгарскиот кандидат за комесар за здравје и благосостојба на животните, Оливер Вархеји и сите шест кандидати за извршни потпретседатели, Тереза Рибера, Рафаела Фито, Стефан Сежурне, Хена Виркунен, Роксана Минзату и Каја Калас, која исто така е именувана и за висока претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ.
Европскиот парламент треба да гласа за целиот состав на Европската комисија за време на пленарната сесија, што ќе се одржи од 25 до 28 ноември во Стразбур. Тогаш новата Комисија би можела да започне со работа на 1 декември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата