logo
logo
logo

Димитриеска-Кочоска: Владата и МФ целат кон примена на европските стандарди

Vecer | 05.04.2025

Димитриеска-Кочоска: Владата и МФ целат кон примена на европските стандарди

Владата и Министерството за финансии целат кон примена на европските стандарди за модерно и одговорно управување со јавните финансии со цел ефикасно управување со средства и транспареност и одговорност на институциите, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на петата Меѓународна контролинг конференција што се одржа во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за финансии, конференцијата е посветена на процесот на контролинг во приватниот и во јавниот сектор.

-Темата на конференцијата носи силна симболика за контролингот како Рубикова коцка. Односно алатка која помага да се доведе ред комплексноста – да се направи стратегија од хаосот, да се поврзат различни делови од системот во функционална и ефективна целина. На овој процес не треба да се гледа како на луксуз, туку како неопходност и тоа и во приватниот и во јавниот сектор. Во приватниот сектор, тој дава можност за навремено следење на резултати, планирање, алоцирање  ресурси и подобрување на профитабилноста. Постапки кои што се особено важни за развој и создавање одржлив бизнис, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа појасни дека ефикасното управување со јавните финансии и институции, како и развиени претпријатија ќе придонесат за севкупниот национален развој. Затоа, како што рече, покрај посветеноста на реформските процеси од страна на државата, значајни се и воведување вакви процеси во приватниот сектор со цел тој да обезбеди сопствен развој, кој ќе влијае и на развојот на државата.

-Заедно сме во постигнување на таа цел, преку индивидуален план до колективни резултати, додаде Димитриеска-Кочоска.

Таа упати порака дека процесот на контролинг е важен и во приватниот и во јавниот сектор, затоа што преку сопствен развој на компаниите се постигнува повисок економски раст во земјата, што е еден од приоритетите на Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk