logo
logo
logo

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Vecer | 12.05.2021

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ


Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно само откако ќе се прекине со јазикот на омраза кон другите.

„ Србија мора да разбере дека „болшевичките техники и начини“ не преминуваат во ЕУ“ рече бугарскиот политичар.

Тој рече дека се обратил до Европската комисија откако српскиот политиколог Драган Симеуновиќ ги обвини Бугарите за злосторства во минатото, насилна бугаризација и територијални претензии кон Србија.

„ Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците само убиваа, додека Бугарите ги малтретираа своите жртви. Тие имаа и свои одреди за силување”, рече политикологот во февруари.

„ Поради сите овие недозволиви, грди и невистинити манипулации, и се обратив на Европаката комисија со прашањето, дали ќе побара од Србија објаснување зошто се обидува да ја демонизира Бугарија и да го дестабилизира регионот со помош на ваквите изјави и предлози?”, напиша Џамбазки на Фејсбук.

❗️Сръбски политици и общественици продължават да насаждат омраза към България. В интервю с проф. Драган Симеунович,…

Posted by Ангел Джамбазки on Wednesday, 12 May 2021

Како одговор, Европската комисија соопшти дека политичките лидери на Балканот треба да дадат пример за создавање атмосфера на заемна доверба, одржување на добрососедски односи, регионална соработка, принципи и вредности промовирани од ЕУ.

Според Џамбаски, Србија треба да ги почитува правата на националните малцинства во согласност со Поглавје 23.

„ Ова поглавје предвидува Србија да преземе мерки насочени кон зголемување на нивото на толеранција меѓу граѓаните, меѓу другото преку едукација и подигање на свеста за тоа како да се бори против злосторствата од омраза и да се осигури дека ваквите случаи се ефикасно истражени. развојот на ситуацијата во оваа сфера, како и учеството во дијалогот со српските власти “, се наведува во соопштението на ЕК.

„Се надевам дека властите во Србија ќе размислат за ова и ќе ја променат целата своја политика кон Бугарија“, заклучи Џамбаски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk